ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА
КАНЦЕЛАРИЈА ВО СКОПЈЕ
Славко Јаневски 102Д
1000 Центар - СКОПЈЕ | Македонија
[M] 389.76.915715
[E] info@raw-food.online
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Ние сме специјализирани исклучиво за продажба на производи што приѓаат на сирова храна. Сите производи од нашата понуда се сирови и воопшто не треба да размислувате при набавката дали овој производ припаѓа на производи за исхрана со сирова храна.
Сите наши производи се набавуваат од одговорни и одржливи извори, со акцент на поддршка на локалните фармери и производители. Ние се обврзуваме да обезбедиме врвен квалитет и свежина на сите производи кои ги нудиме.
Направете нарачка е лесно преку нашата онлајн продавница.
Едноставно пребарувајте го нашиот каталог на производи, додадете ги посакуваните артикли во вашата кошничка и следете ги упатствата за плаќање. Понудени се различни методи на плаќање за ваша удобност, вклучувајќи кредитни картички и плаќање на фактура.
Да, најчесто ќе ги добиете истите производи кои ги гледате на нашата онлајн продавница. Се обидовме да обезбедиме оригинални сликите кои точно ги прикажуваат производи со кои работиме.
Сепак, имајте предвид дека може да има отстапувања во големината, бојата и формата поради природната разновидност на сировата храна. Секој производ што го нарачате од нас треба да одговара на квалитетот и спецификациите прикажани на сликата.
Ако сметате дека постои потреба да вратите артикл најпрво документирајте ги информациите со слики за прозводот кој сакате да го вратите и причината за враќање. Пред да не контактирате пратете ни ги информациите и сликите со порака преку Viber или со е-пошта на return@raw-food.online.
Веднаш потоа контактирајте го нашиот тим за поддршка на купувачи преку е-пошта или телефон во рок од 2 дена од примањето на нарачката.
Имајте во предвид дека одредени производи може да не се квалификуваат за враќање поради нивната природа.
Да, ние редовно ги ажурираме нашите залихи и ги набавува производите на неделна основа. Имајте предвид дека одредени производи како што се шумските производи се сезонски и се достапни само во одреден период од годината.
Ако има специфичен производ што го сакате и тој е означен како „нема на залиха“, можете да ја користите опцијата „известување кога ќе биде достапно“ на страницата на производот за да бидете автоматски известени кога производот повторно ќе биде на залиха.
Нашата онлајн продавница за сирова храна во моментов нуди достава само во општините во Скопје. Ако имате предлози и конкретни прашања или потреби за достава, не двоумете се да контактирате со нашиот тим за поддршка.